Вилијамс ја советува Меган да не биде многу фина

Тенисерката Серена Вилијамс ја советува својата пријателка Меган Маркл дека не треба да биде премногу фина додека е во исчекување на своето прво дете.

„Меган, престани да бидеш толку фина. Ти си таа која е бремена и си таа која хормоните и прават лудории во главата. Зошто си толку слатка и фина?“, изјавила Вилијамс.

Серена беше на кралската венчавка на принцот Хари и Меган во мај. Меган пак постојано е на трибините на тениските терени на Вимблдон давајќи и поддршка на тенисерката, заедно со нејзината јатрва Кејт Мидлтон.

Scroll to Top