„Вистинските жени не ги омаловажуваат другите“, пријателка на Меган откри за психичкото малтретирање кое го доживеала од глумицата

Британската стилистка Џесика Мулрони, која важела за многу блиска пријателка на Меган Маркл, откри во медиумите дека поранешната војвотка психички ја вознемирувала. Таа објави дека немало ден, а да не ја почуствувала омразата на, девојката за која мислела дека и е пријателка.

Таа на својот профил на „Инстаграм“ сподели со сите свои следбеници, како со години таа била жртва на психичко злоставување.

„Луѓето често се прашуваат зошто ги избришав фотографиите. Доста ми е од омразата која ја трпев три години од неа. Бидете љубезни, бидете достоинствени. Сите сме возрасни лица, престанете да се однесувате како тинејџери. Вистинските жени не ги омаловажуваат другите жени“, напишала Џесика.

Џесика многу личи на Меган. Многумина и напишаа дека не можат да ги препознаат, затоа што имаат исти фризури, носат иста шминка и облека. Медиумите во Британија пишуваат дека Џесика одиграла голема улога во одлуката на Меган да го напушти кралското семејство.

 

Scroll to Top