Кралската палата во Велика Британија потврди дека внуката на кралицата Елизабета, Беатрис во тогаш и тогаш ќе се омажи за мултимилијдерот Едоард Мапели Моци, пренесува „Дејли Мејл“.
Венчавката ќе се одржи во градината на „Бакингемската палата“ во Лондон, а принцот Хари и Меган Маркл потврдија дека ќе присуствуваат на истата.
Принцезата и нејзиниот иден сопруг не сакаат подароци од гостите. Тие им дале упатства, нивните подароци да ги доделат во добротворните организации во кои тие делуваат Big Change и Cricket Brings Hope. Една од главните цели на овие организации е со помош на крикетот да се поттикнат општествените промени во Руанда.
За потсетување, двојката се запозна во 2018 година. Тајкунот Едоард, кој ќе стане дел од кралското семејство, зад себе веќе има низа сериозни врски, а со една од нив и се вери. До венчавката не дојде, а Едоард од таа врска има син, кои исто така се најавени како гости на неговата венчавка со принцезата.
Eдоардо ја остави својата поранешна љубов, архитектката Дарин Хуанг ненадејно и без објаснување, точно во моментот кога таблоидите открија дека ја започнал врската со принцезата.