Таткото на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, Томас Маркл, јавно проговори и се пожали пред британските медиуми, дека неговиот внук малиот Арчи, го има видено само на видео и дека сака да го запознае во живо.
Томас вели дека досега внукот Арчи го гледал на фотографии низ светските таблоиди и на интернет. Исто како и секој друг човек. Неговата ќерка Меган, не му испратила никаква оригинална семејна фотографија. Томас се пожали што досега се нема запознаено и со неговиот зет, принцот Хари.
Тој објасни дека неговата ќерка лажела околу нејзиното школување и дека тој е човекот кој ѝ ги платил сите трошоци за факултет, како и патувањата во Англија, Шпанија и Аргентина.
„За време на нејзиниот прв кралски говор, Меган изјави дека таа самата си го платила школувањето. Тоа не е вистина. Јас сум тој кој ѝ плати сè. Имам и изводи од банка кои тоа можат да го докажат. Досега не сум се огласил по тој повод, затоа што претходно таа беше бремена“, вели Томас.
Томас би сакал да го види внукот Арчи, да види дали момчето го има неговиот нос. Тој смета дека Меган и Хари го злоставуваат со тоа што го отфрлиле од нивните животи. Томас го нарекол Хари лицемерен.
„Гледам дека Хари сака да изнајмува приватни авиони. Би можел да дојде и во Мексико и да ја побара раката на мојата ќерка од мене. Лицемерни се. Прават се за да им помогнат на луѓето, а сопственото семејство го исфрлија од животот“, вели Томас.