Во Белград се снимаат сцени од филмот за Роби Вилијамс

Филм за британскиот пејач Роби Вилијамс се снима во Белград. Музичката ѕвезда се игра себеси во овој биографски филм, а актерот Јоно Дејвис, кој го толкува во неговите помлади денови, моментално престојува во Србија.

Како што пишуваат српските медиуми, во студиото во Крњача два дена се снимала сцената од концертот на познатиот пејач кој се одржа во 2003 година, а на сетот имало повеќе од 2.000 статисти.

Како што претходно објавија медиумите ширум светот, популарниот пејач имал големи проблеми да најде актер кој ќе ја игра неговата помлада инкарнација. Како што објави „Сан“, Роби Вилијамс на почетокот на годината на концертот по повод снимањето на биографскиот филм на публиката во арената „Род Лејвер“ во Мелбурн ѝкажал дека не е сигурен во изборот на актер кој ќе го игра помладиот Роби Вилијамс, но потврди дека ќе се игра самиот.

Медиумите веќе успеаја да добијат дел од сценариото. Во него ќе има „Секс, дрога и рокенрол“. Роби призна дека нема да дозволи неговите четири деца и сопругата Ајда Филд да го гледаат овој филм.

„Тие нема да знаат ништо за овој проект. Нема да им биде дозволено да го видат, бидејќи во спротивно ќе треба да дадам одговори на многу прашања. Ако дознаат, ќе се правам како ништо од тоа да не се случило, тоа е уметничката слобода на режисерот, не е документарец“, објаснил Вилијамс.

Англискиот актер Јоно Дејвис е роден во Честерфилд, најпознат е во Велика Британија и САД по улогата на Алекс Деларџ во претставата А Hell’s Orange, а се појави и во филмот Kingsman и серијата Hunters. Во мај 2022 година беше објавено дека Дејвис ја добил улога на британскиот пејач Роби Вилијамс, а планирано е филмот да излезе во 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonno Davies (@thejonnodavies)

Scroll to Top