Актерката Миранда Фрајер почина во сон на 35 години во својот дом во Австралија. Веста за смртта ја потврди нејзиното семејство. Тие потврдија и дека имала проблеми со срцето, но и дека сè уште не ја знаат точната причина за нејзината смрт.
„Сродните души, Миранда и Артур Потитис, планираа да основаат семејство, но минатата недела таа само заспа и не се разбуди. Не знаеме зошто. Имаше некои проблеми со срцето, можеби нејзината прекрасна личност беше премногу за овој наш свет. Ние, кои толку многу ја сакавме, ќе се сеќаваме на неа и ќе тагуваме по неа засекогаш. Прекрасно дете, убава тинејџерка, убава однатре и однадвор, жена што сакаше да ја споделува својата среќа со другите. Имаше толку многу пријатели и имаше уште многу да му понуди на овој свет“, беше дел од соопштението испратено до медиумите, пренесува TV Tonight.
View this post on Instagram
За потсетување, Миранда ја почна својата актерската кариера уште како бебе кога се појави на малите екрани во австралиската сапуница „Соседи“, каде што глумеше во три сезони. Таа ќе остана запаметена и како првото дете на кое му беше доделен договор за работа на серијата.
View this post on Instagram
Актерката се омажи за Артур Потитис во 2020 година, со кого планираа да го прошират семејството. Таа сакаше да стане медицинска сестра, па затоа подоцна целосно се повлече од актерството.