Воспаление на белите дробови и неправилно чукање на срцето, се причина за смртта на Шон Конери

Славниот глумец Шон Конери починал од воспаление на белите дробови, затајување на дишните патишта, старост и атријална фибрилација – неправилно чукање на срцето.

Ова е наведено во официјалното соопштение за неговата смрт, пренесуваат светските медиуми. Шон Конери почина на 31. октомври 2020 година во својот дом во Бахамите во сон.

„Таквиот живот не беше за него. Не можеше да се изразува во последно време. Барем почина во сон. Беше така мирно. Бев со него целото време. Така сакаше и да биде“, изјавила неговата сопруга Мишелин, за „Дејли мејл“.

Таа дополни дека имала убав живот покрај Шон и истакна дека тој бил маж на кој можеле многумина да се одгледаат.

„Тој беше прекрасен човек и имавме сјаен заеднички живот. Тој беше маж на кој другите можеа да се угледаат. Ќе ми биде тешко без него. Го знам тоа. Но, свесна сум дека не можевме да бидеме заедно вечно“, изјавила таа.

Од славниот Џејмс Бонд се простија бројни глумци, политичари и славни личности. Сите се согласуваат дека тој беше еден од најлегендарните глумци.

 

 

Scroll to Top