Вработени во хотел откриваат која од познатите личности каков гостин е: Џеј Ло љубезна, раперот Нели оставал добар бакшиш

Богатите и познати гости генерално добиваат различен третман во рестораните, хотелите и баровите од сите други. Како се однесуваат кон вработените, раскажуваат за порталот Buzz Feed нивни читатели кои работат во луксузни хотели. Откриле кое од познатите фаци е добар, а кој лош гостин.

Познатата пејачка Џенифер Лопез  била неверојатно фина и слатка, открл читателот.

Иако можеби не го очекувале тоа од неа, особено по поплаките на бројните дадилки кои ги вработила низ годините, девојката опишала дека имала одлично искуство со неа.

„Кога престојуваше во хотелот во кој работев, беше љубезна, духовита и многу дискретна за нејзиниот идентитет. Не го привлекуваше вниманието кон себе, но мирисаше толку добро што сите гледаа во неа“, опишал читателот.

Исклучително лош гостин наводно бил голферот Тајгер Вудс.

„Тој беше тотален кретен. Не разговараше со никого, ниту пак оставаше бакшиш. Имав масажа од час и половина и не ја ни потпиша сметката. Му се јавивме, а тој и се јави на сопругата сега бивша да дојде да потпише. Не остави бакшиш“, пишуваа Buzz Feed за него.

Со оглед на тоа што гостите често се мерат со бакшишите што ги оставаат, раперot Нели има одлична репутација.

„Тој го даде најдобриот бакшиш. Секој пат за било што давал 100 долари, но тоа го правел за да не забележат другите“, открил читателот.

Раперот Вака Флока Флејм, пак, не ја бие баш добр глас и тоа е поради една случка која ја раскажал читател на Buzz Feed.

„Тоа беше најлошата ноќ досега. Во 3 часот наутро започна пеколот. Имаше тепачки, проститутки и обожавателки кои се однесуваа страшно. Не престана дури во 6 часот наутро, кога заминав“.

За актерот Дејв Кулие, позна како симпатичниот чичко Џои од „Фул Хаус“ се вели дека е харизматичен како и неговиот лик.

„Беше најдобар. Тој е премногу смешен. Кога се одјавуваше од хотелот, му се заблагодари на персоналот“, изјавила вработената.

Друг актер со добра репутација е Том Фелтон, односно Драко Малфој од франшизата „Хари Потер“.

„Беше супер кул. Тој само се дружеше со пријателот откако играа голф. Кога му донесов храна, тој ми рече: ‘На здравје, пријателе’“, открил читателот.

Scroll to Top