Вучиќ се вклучи на лајв со Бака Прасе на ТикТок

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа за првпат направи ТикТок лајв, во кој директно се вклучи и еден од најпознатите српски јутјубери, Бака Прасе. Во разговорот, кој предизвика големо внимание на социјалните мрежи, се зборуваше од даночната политика, преку локалната власт, до конфликтите во медиумскиот простор.

Пред вклучувањето на Бака Прасе во лајвот, Вучиќ погледна негова вирална снимка во која јутјуберот кажува што би го прашал доколку добие можност да се вклучи во ТикТок пренос.

„Не сум ниту за вашата, ниту за другата страна, не ме интересира политика, ама дали може да се укине данокот за инфлуенсери?“ прашува Бака Прасе во видеото, на што Вучиќ со насмевка одговори дека данок не може да се укине и додаде дека државата функционира токму преку наплатата на даноци.

Неколку моменти подоцна, Бака Прасе директно се вклучи во лајвот, шеговито забележувајќи дека, доколку стане градоначалник, би поделил откази затоа што лајвот не бил технички добро подесен. На прашањето на Вучиќ за кој град станува збор, тој одговори дека мисли на Белград и праша дали претседателот смета дека би бил подобар градоначалник од актуелниот, Александар Шапиќ.

Вучиќ со насмевка возврати дека не мисли така, но дека одлучувачко е мислењето на граѓаните.

 

Scroll to Top