Вуди Харелсон нападнал маж во бар, вели било во самоодбрана

Глумецот Вуду Харелсон би можел да се соочи со обвинение за напад, откако удрил непознат маж во еден бар. Додека бил излезен со една од неговите ќерки, непознат маж се обидел да се слика со него. Харелсон вели дека човекот бил пијан и дека го замолил да ги избрише фотографиите.

По кратко време настанала тепачка, а Харелсон го удрил човекот во врат, но, вели дека било во самоодбрана. „За тоа можат да посведочат и луѓето кои беа таму“, рече тој.

Полицијата засега не го открива идентитетот на човекот кој Харелсон го нападнал и вели дека ќе го откријат само ако тој реши да тужи, пишува британски „Сан“.

Харелсон има три ќерки, Дани Зои и Макани и засега не е познато со која од нив три, тој бил во барот. За потсетување тој и претходно имал проблеми со луѓе кои сакале да го сликаат. Во 1995 се степал со двајца професионални фотографи, па на крајот морал да им плати оштета.

Во 2006 година нападнал уште еден фотограф и му ја скршил камерата.

 

 

 

Scroll to Top