Поранешниот попурален кечер Хулк Хоган смета дека кроонавирусот е божјо дело и дека на човекот не му е потребна вакцина за да се бори против неа.
Тој своето мислење го сподели со своите обожаватели на социјалните мрежи. Дел од нив се согласуваат со него, но и има и такви кои сметаат дека Хоган не е некој кој треба да проповедува за моралот и верата и да не се меша во проценките на медицината.
Поранешниот професионален кечер, а одреден период и холивудски глумец Хулк се придржува до мерките за изолација и тој во моментов се наоѓа во карантин. Тој не ја негира опасноста од пандемијата на коронавирусот, како што тоа го прават некои теоретичари на заговор, но даде свое видување, како тој гледа на ситуацијата.
„Бог ни порачува дека ќе ни земе сè она што го идеализираме. Ќе ни ги земе спортските борби, музиката, филмовите и театрите. Луѓето ги обожаваат парите, па тој ја згасна економијата. Не можеме ни во црква да одиме, зашто се отуѓивме. Можеби не ни треба вакцина против вирусот, туку време во изолација за да размислиме за сето тоа и да се вратиме на вистинскиот пат“, вели Логан на социјалните мрежи.
„На луѓето им е потребна вакцина, а истиот тој Бог ни има дадено мозок да се служиме со него. Имаш напишано еден куп глупости. Мислам дека е време своите ставови да си ги задржиш за себе и да не им ги пуниш главите на луѓето со бесмислици“, биле некои од коментарите на обожавателите, на кои не им се допаднал ваквиот пост.