Зад најубавата насмевка има многу тага: Загубата на родителите и самоубиство на сестра ѝ се дел од животот на Јулија Робертс

Американската актерка и поранешна манекенка Џулија Фиона Робертс (53) е родена на 28 октомври 1967 година во Смирни, Џорџија, од татко Волтер Градли и мајка Бети Лу, кои се развеле кога таа имала четири години. По што нејзината мајка се омажила за Мајкл Моутс, непредвидлив очув со чести изливи на бес, кој честопати знаел и да упати навредливи коментари кон Џулија и брат ѝ Ерик и сестра ѝ Лиза.

Во 1977 година, татко ѝ почина од рак. Актерката во 2014 доживеа нова трагедија која нејзината полусестра Ненси се самоуби, а само неколку месеци подоцна, почина и нејзината мајка по долго и тешко боледување од рак.

Во текот на студирањето, Робертс реши да го напушти колеџот и да замине во Њујорк, каде посетуваше часови по глума, а во меѓувреме, почна да заработува за живот како модел.

За време на моделингот, успеа да ги добие нејзините први поситни и поглеми улоги, па веќе во 1989 година ја доби улогата на болна девојка во драмата „Челични магнолии“, со што ја стекна својата прва номинација за Оскар во категоријата „Најдобра споредна улога“.

Три години подоцна, таа се стекна со светска слава глумејќи во романтичната драма „Убава жена“, успевајќи да ги победи на кастинг тогаш добро естаблираните актерки Мег Рајан и Дерли Хан. Улогата на проститутка ѝ го донесе и првиот Златен глобус во категоријата „Најдобра главна женска улога“, како и номинација за Оскар.

Досега има добиено над сто номинации во различни категории и освено досега 54 награди, од кои највисоко признание е Оскар во категоријата „Најдобра главна актерка“, кој го доби за филмот „Ерин Броковиќ“, кој е инспириран од вистински настани. Таа беше номинирана осум пати за најдобра актерка на наградите „Златен глобус“, а три победи за улогите во филмовите: „Ерин Броковиќ“, „Убава жена“ и „Челични магнолии“.

Актерката е во брак со снимателот Даниел Модера, кој го запозна во 2001 за време на снимањето на филмот на филмот „Мексиканец“ со Бред Пит. По пат на ин-витро ги добија близнаци – Хазел Патриша и Фајнс Волтер, а три години подоцна го добија и синот Хенри.

Scroll to Top