„Загинатото“ момче на Оливија Њутон-Џон пронајдено живо по 12 години

Американската медиумска агенција „Њу ајдија“ минатиот месец во камп во Мексико фотографирала маж што неверојатно потсетува на 60-годишниот камерман Патрик Мекдермонд, поранешно момче на актерката и пејачка Оливија Њутон-Џон (69), кое исчезнал пред повеќе од 12 години. Мажот шетал без маица во друштво на непозната жена.

По проучувањето на фотографијата, истражителот Чарли Паркер е убеден дека станува збор за исчезнатиот Патрик.

– Верувам дека е тој, пронајдов 90 отсто сличности – истакнал истражителот.

Патрик во 2005 година отишол на риболов по што му се изгубила секоја трага.

Три години подоцна го прогласиле мртов, иако никој од 22 патници што биле со него на бродот „Слобода“ не виделе како го напушта бродот, ниту дека влегува во морето. Се верува дека ја лажирал сопствената смрт. Во времето на исчезнувањето должел илјадници долари надомест за издржување на својот син Ченс.

Scroll to Top