Законот со кој Израел се дефинира како еврејска држава-нација е расистички

By

Холивудската актерка со израелско потекло Натали Портман, се пожалила дека новиот закон кој во јули бил изгласан од страна на пратениците во парламентот во Израел, со кој земјата се дефинирала како еврејска држава-нација бил расистички.

Актерката во интервју за весникот „Ал Кудс Ал Арабија“, со седиште во Лондон, ги критикувала пратениците поради изгласувањето на спорниот закон.

„Тој закон според кој Израел се дефинира како еврејска држава-нација е грешка ѝ јас не се согласувам со истиот. Верувам дека сите можеме да ги сакаме нашите соседи ѝ дека може да работите заедно со нив“, истакнала Портман.

Портман во јуни беше прогласена за добитничка на престижната награда „Џенезис“ во Израел, а станува збор за своевидна еврејска Нобелова награда.

Фондацијата која стои зад оваа награда, објавила дека Портман одбила да дојде на свечената церемонија на доделувањето на наградите во јуни во Израел. Таа го одбила и наградниот фонд во вредност од два милиони долари.

Портман изјавила дека не би се чувствувала пријатно кога би учествувала на каков било јавен настап во Израел. Свечената церемонија на доделувањето на оваа награда беше откажана.

Израелскиот парламент го усвои на 19. јули, нацрт законот со кој Израел се дефинира како еврејска држава-нација и тоа со 62 гласа и 55 против. Ваквото гласање предизвика и голема полемика и критики во регионот.

Израелските власти претходно спроведувале дискриминаторна политика кон арапското население, а со новиот закон како што смета Портман тоа било легализирано.

„Арапскиот јазик го изгуби статусот на службен јазик. Ваквиот статус сега ќе го има исклучиво хебрејскиот јазик. Освен тоа, еврејските празници се прогласени за државни, а Ерусалим како главен град на Израел. Повеќето одредби од законот се во спротивност со постоечката законска одредба, која на сите граѓани во Израел им овозможуваше да имаат еднакви права и можности. Сега со прогласувањето на Израел за татковина на сите Евреи се занемаруваат правата на Палестинците. Исто така ги поттикнува Евреите од другите земји да се преселат во Израел, а се блокира враќањето на прогонетите Палестинци“, вели Портман.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне