Глумицата Зендаја влезе во историјата како најмлада глумица со две номинации за најдобра главна улога. Номинирана е и во категоријата на продуценти и со тоа влезе и во историјата и како најмлада жена номонирана за продукција.
Пред две години Зендаја ја освои наградата Еми во категоријата за најдобра главна улога во серијата „Еуфорија“, а со тоа стана првата најмлада добитничка на оваа награда.
Ру Бенет, позната како Зендаја, имаше 24 години кога ја освои првата Еми награда и тоа во конкуренција со Џоди Корнер и Сандра О Killing Eve, Лора Лини Ozark, Оливиjа Колман The Crown и Џенифер Анистон The Morning Show.
Оваа година нема многу разлика меѓу кандидатките за наградата за најдобра глумица во драмска серија. Повторно се номинирани, Зендаја, Џоди Корнер и Сандра О и Лора Лини. Додека новите номинации се за Мелани Лински Yellowjackets и Рис Витерспун The Morning Show.
Освен „Еуфорија“ за најдобра драмска серија, се номинирани и Better Call Saul, Ozark, Severance, Squid Game, Stranger Things, Succession i Yellowjackets.
Зендаја доби и номинации за Еми 2022, во категоријата за најдобра оригинална музика и текст за песната I’m Tired i Elliot’s Song. А самата серија „Еуфорија“, досега сè заедно брои 25 номинации за наградата Еми во разни категории.