Јована и Жељко Јоксимовиќ штотуку се вратија од одмор, а нивното доаѓање не остана незабележано. Имено, семејството Јоксимовиќ реши да ги користи ВИП услугите на аеродромот, што им овозможи да имаат сосема поинаков пристап од тоа што е случајот со другите патници.
На аеродромот користеле специјален ВИП излез, кој е резервиран за патниците кои користат приватни авиони или оние кои ќе се одлучат за луксузната услуга што ја нудат аеродромите, а која може да чини неколку стотици евра.
Овој излез им овозможува да имаат побрза и поудобна пасошка контрола, додека на располагање им е и простор за одмор, кој е достапен и при заминување и при враќање.