Жерар Депардје сексуално вознемирувал 13 жени: Ни ги ставаше рацете во гаќички, и никој не реагираше на филмскиот сет

Славниот француски актер Жерар Депардје е обвинет за сексуално вознемирување на 13 жени, според истрагата што ја спроведе сајтот „Медијапарт“.  Според тврдењето на жените актерот ги фаќал, ги ставал рацете во нивните гаќички и им упатувал недолични кометари.

Инцидентите се случиле во изминатите две децении на филмски и телевизиски снимања или на јавни места.

„Депардје ги негира обвинувањата кои се сметаат за кривично дело“, вели неговиот адвокат.

Овие обвинувања следуваат две години откако Депардје се најде под кривична истрага поради силување, што тој исто така го негираше.

Во истрагата на „Медијапарт“ една жена кажа дека Депардје се обидел да ги стави рацете под нејзиниот фустан, а кога таа го одбила, тој станал агресивен и се обидел повторно. Друга пак вели дека  сакал да ги допре нејзините гениталии додека снимале групна сцена.

Многу од жените велат дека не можеле да поверуваат дека никој не реагирал на филмските сетови и дека однесувањето на Депардје било прифатено со смеа.

Канцеларијата на обвинителот на Париз соопшти дека досега не примила ниедна поплака за актерот.

Scroll to Top