Манекенката Жизел Бундхен и официјално е во нова врска по разводот со Том Брејди.
Модната ѕвезда ја освои долгогодишен пријател со кој често ја гледаа во јавноста по раскинувањето со американскиот спортист и НФЛ ѕвезда.
Тоа е Жоаким Валенти, мајстор на боречката вештина џиу-џицу.
За нивната врска се пишуваше пред околу една година, кога беше објавено дека Жизел се разведува од Брејди. Меѓутоа, тие наводи тогаш не беа потврдени.
Gisele Bundchen shares passionate KISS with boyfriend Joaquim Valente https://t.co/y4hsOCkuNO
— Shootersyk"DamyEku" (@ShootersykEku) February 16, 2024
Тие двајца сега се фотографирани на заеднички одмор, а нема сомнеж дека по долго пријателство ја подигнаа врската на повисоко ниво.