Жизел Бундшен на романтична вечера со тренерот по џиу џицу две недели по разводот

По само две недели по објавувањето на разводот од Том Брејди, Жизел Бундшен била фотографирана на романтична вечера со нејзиниот тренер Хоаким Валенте. Славната манекенка и нејзиниот инструктор за џиу-џицу се видени на Костарика.

Жизел на вечерата ги донела децата Бенџамин (12) и Вивијан (9). Инаку Жизел сѐ уште не ги потврдила гласините дали се во врска со нејзиниот тренер.

Инаку, минатата година манекенката учествуваше на фотосесија за магазинот „Даст“ со Хоаким и неговите браќа Педро и Џио Валенте. Во февруари таа сподели видео со Хоаким, а нејзината објава ја коментираше и Том.

Семејството Валенте води теретана во Мајами каде што ја подучуваат боречката вештина на бразилско џиу-џицу и самоодбрана.

Том Брејди и Жизел Бундшен официјално се разведоа на 28 октомври.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Scroll to Top