Зошто Морган Фримен секогаш носи златни обетки: зад сè се крие мрачна причина

Познатиот актер Морган Фримен (87) ја откри вистинската причина поради која секогаш ги носи своите препознатливи златни обетки, а неговото објаснување е помрачно отколку што мислите.

Фримен, кој е познат по својот заштитен знак, ги носи овие обетки откако се прослави во филмот Street Smart во 1987 година, кога имал 49 години. Сепак, обетките не се само моден додаток, туку служат како „осигурување“ во случај на неговата смрт, пренесува Дејли Мејл.

„Овие обетки, постојано ме прашуваат за нив. Вистината е дека вредат колку еден ковчег, во случај да умрам во туѓа земја. Затоа морнарите ги носеа, и затоа ги носам“, рекол еднаш на Инстаграм.

Во интервју за Fox News во 2016 година, Морган објасни дека инспирацијата за овој обичај ја нашол во филмот The Crimson Pirate, во кој Бурт Ланкастер глумеше пират на Карибите.

Scroll to Top