Ѕвездата од серијата на „Нетфликс“ Cheer, Џери Харис, е осуден на 12 години затвор поради сексуално искористување на малолетник.
„Казната е 12 години затвор, а по пуштањето на слобода ќе следи 8 години надзор од судот“, рече помошникот тужител од Северниот округ на Илионис, Џозеф Д. Фитзпатрик за CNN.
Во февруари Харис ја призна вината, а неговите адвокати рекоа дека тој сака да ја преземе одговорноста за своите постапки и јавно да покаже каење за штетата што им ја нанел на жртвите.
Во декември 2020 година беше обвинет по 7 точки кој ги подигна американскиот окружен суд во северен Илиноис.
Во договорот за признавањето вина Харис рече дека е виновен по две точки од обвинението, наведувајќи и дека поседувал детска порнографија, како и дека патувал меѓу сојузните држави за да се состане со 15-годишно момче со кое имал сексуален однос.
„Иако пред Џери е тежок пад, неговиот бескомпромисен дух и сила веќе го носеле низ предизвикувачки времиња. Нема ништо освен емпатија и каење за луѓето на кои им наштетил и се надева дека со оваа постапка ќе им даде малку мир“, рече неговиот адвокат за New York Post.