Актерката Александра Пол, најпозната по нејзината улога во популарната серија Чувари на плажата „Baywatch“, сподели застрашувачка приказна за една жена која 13 години го претворала нејзиниот живот во пекол.
Во интервју за „Д Анклер“ , актерката откри дека се работи за опседната обожавателка која била 20 години помлада од неа.
Имено, приказната започнала во декември 2011 година, кога непозната жена и нејзиниот брат дошле во нејзината куќа во Пацифик Палисадес. Жената ја замолила Пол да го пушти момчето, кое наводно живеело три часа подалеку, да оди во тоалетот.
„Отсекогаш сум била личност која сака да помогне, па ги поканив внатре. Имавме краток разговор и ја запознав со мојот сопруг Иан додека момчето беше во бањата“, се присетува актерката.
Иако првата средба била сосема нормална, ситуацијата набрзо станала многу вознемирувачка. Жената ѝ оставила неколку пораки и чоколади на вратата, а со трета порака барала момчето да се врати во нивниот дом и да и подари цртеж. Сопругот на Александра, Иан Мареј, се јавил на жената и ја замолил да ги остави на мира, на што таа се согласила. Сепак, мирот не траел долго.
Девет месеци подоцна, непозната жена пронашла куќа во близина на Александра и ја изнајмила. Оттогаш, случајно се сретнале во теретана, на базен, а набрзо Пол сфатила дека жената доаѓа во теретана во исто време со неа и седи до неа на справите за вежбање.
„Ја предупредив управата на салата, но тие не можеа да направат ништо. Потоа ја напуштив салата бидејќи не можеа законски да побараат од неа да замине“, рече таа.
После тоа, Пол била принудена да поднесе забрана за приближување бидејќи жената еднаш физички ја спречила да излезе од својата гаража. И покрај забраната, жената 29 пати го прекршила судскиот налог.
„Нејзиното однесување се промени од обожавање во омраза кон мојот сопруг, и таа почна да ме убедува дека треба да се спасам од него. Понекогаш тврдеше дека сум заљубена во неа“, рекла актерката.
Жената дури испратила вознемирувачки пораки до семејството на актерката, вклучително и порака на девет страници до мајката на Александра, во која тврдела дека и’ е „таен љубовник“ на нејзината ќерка и дека треба да се спаси од нејзиниот насилнички сопруг.
По долгогодишни закани и малтретирање, жената конечно била фатена и депортирана во Германија бидејќи илегално била во САД. Сепак, таа не се откажала. Продолжила да им се заканува на Пол и Мареј, дури и поднела тужба против актерката, тврдејќи дека се обидела да ја убие, што не се случило.
Откако жената го вратила пристапот до САД, ситуацијата се влошила. Таа почнала да шири сериозни обвинувања против Мареј на социјалните мрежи, вклучително и тврдења дека тој е педофил.
Набргу потоа, парот забележал жена која ги следи од комбе паркирано пред нивната куќа. Мареј ја фотографирал регистарската табличка на возилото, а жената, според зборовите на Александра, се обидела да го удри со возилото, по што имал модринки.
Низ сите тие години, Александра и нејзиниот демнач се сретнале неколку пати, вклучително и на суд, бидејќи жената континуирано ги прекршувала наредбите за забрана.
„Беше фрустрирачки, одземаше време. Но, најлошото беше што беше навистина морничаво“, рекла Пол.
По 11 години постојани закани, Александра и Иан решиле тајно да се преселат во друга земја, менувајќи го идентитетот и објавувајќи го својот нов дом под лажно име. Но, жената ги нашла и повторно почнала да шири сериозни обвинувања во нивното соседство. ФБИ брзо го презеде случајот, бидејќи жената ја преминала државната линија, а девет месеци подоцна била уапсена.