Ѕвездата од „Деца шпиони“, Дарил Сабара, ќе стане татко вторпат

Американскиот глумец Дарил Сабара и пејачката Меган Траинор го чекаат второто дете. Меган објави фотографија од ултразвукот и напиша дека на лето ќе станат родители по вторпат.

„Бебето број два стинува на лето“, рече Меган, која за магазинот „Пипл“, рече дека бременоста ѝ била благослов.

„Толку сум благодарна што сум бремена. Ова е неверојатно. Ова е мојот сон. На половина пат сум. Сакам да имам четири деца“, рече Траинор.

За потсетување, Меган и Дарил се венчаа во 2018 година во тајност. Првиот син Рилеј го добија во 2021 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Trainor (@meghantrainor)

Scroll to Top