Ѕвездата од шоуто на „Нетфликс“ изненадувачки почина на 22 години

Хана Кимура, ѕвездата од популарното јапонско реално шоу Terrace House, кое се емтива на „Нетфликс“, изненадувачки почина на 22 години. Веста за нејзината смрт, ја потврдија и од професионалната борачка лига World Wonder Wing Stardom, каде Кимура учествувала. Таа била професионален борач.

„Жал ни е што мораме да ви пренесеме дека нашата Хана почина. Ја цениме вашата поддршка во овие тешки моменти“, напишале тие.

Причината за смртта на Хана засега не е позната, а таа на својата последна објавена фотографија на социјалните мрежи, позира со нејзината мачка.

Хана била една од трите девојки во последната сезона на реалното шоу Terrace House, во кое тројца момчиња и три девојки, привремено се вселуваат во куќа, во потрага за нова љубов, пријателство или нови искуства.

Хана се пријавила и раскажала дека тоа го направила заради љубов и промоција на спортот со кој се занимава. Во шоуто била позната по нејзиниот оптимизам и темперамент, а се истакнувала со розевата боја на косата.

Многумина од неа се орпостија преку социјалните мрежи.

„Беше прекрасна и талентирана ѕвезда. Нашите мисли се со семејството на Хана“, биле некои од коментарите.

На официјалниот профил на реалното шоу, исто така голем број луѓе се простија со неа.

 

View this post on Instagram

 

🦋🦋🦋

A post shared by 木村花(HANA) (@hanadayo0903) on

Scroll to Top