Ѕвездата од хит серијата „Сопранови“, Еди Фалко, прозборе за своите пророди и откри дека на времето била зависна од алкохолот и дрогата. Таа во разговор за „Гардијан“ рече дека сега е трезна со години и дека нема пробано алкохол веќе долго време.
„Мојот прв пијалок го пробав за време на моето студирање. Тогаш алкохолот беше решение за сите мои проблеми. Обожавав и кокаин. Ако некој ми понудеше одма земав, затоа што сама не можев да си го дозволам. Марихуаната ме вознемируваше ми правеше проблеми “, рече Фалко.
Таа рече дека сега е трезна речиси 29 години, а лекови зема само поради нејзината несигурност и недостиг на самопочит. Фалко рече дека подобро глуми кога е мамурна, а мажите ги бирала во зависност од тоа дали пијат или не.
„Чекам да видам колку брзо ќе спомене алкохол во разговорот и така одлучувам дали сакам да се дружам со некого или не“, додаде таа. По турбулентните години во нејзиниот живот, таа ја добила улогата во серијата „Сопранови“, по што нејзината кариера тргнала во вистинска насока.