Поп-пејачката Бијонсе вчера го прослави 36-тиот роденден. На големата роденденска забава, на која присуствуваа преку илјада гости, сопругот Џеј Зи ѝ ја отпеа „Среќен роденден“, а кон роденденската песна се придружија и останатите гости.

Сепак, тоа што го одбележа роденденот на Квин Би беше фотосесијата направена неколку дена претходно. Во сликањето беа вклучени и Мишел Обама, Венус Вилијамс, ќерката Ајви Блу, Мишел Вилијамс и други, сите со црн шешир и долги плетенки и иста порака: „Среќен роденден Бијонсе. Ајде заедно да им помогнеме на жртвите од ураганот во Хјустон.“










