Димитриеска-Кочоска и Варнс ја потврдија силната соработка меѓу Македонија и САД во финансискиот сектор

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на САД, Никол Варнс, на која биле разгледани економските приоритети, реформските процеси и можностите за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и САД.

Димитриеска-Кочоска истакна дека Владата останува посветена на одржување стабилни и одржливи јавни финансии, одговорно управување со буџетските средства и креирање политики кои ќе придонесат за економски раст, нови инвестиции и подобрување на деловната клима.

„Благодарност за континуираната поддршка од САД, особено преку соработката со Трезорот на САД, која е значајна за јакнење на институционалните капацитети и унапредување на процесите во Министерството за финансии“, посочи министерката.

 

На средбата биле разменети мислења и за тековните реформи, зајакнувањето на институциите и спроведувањето на економски политики насочени кон подобрување на стандардот на граѓаните.

„Продолжуваме со посветена работа на реформи, силни институции и економски политики што носат резултати за граѓаните“, порача Димитриеска-Кочоска.

Scroll to Top