Кристен Стјуарт како Лејди Ди во „Спенсер“ – Објавена првата слика од снимањето на филмот

Продуцентите на филмот „Спенсер“ ја објавија првата слика од актерката Кристен Стјуарт како принцезата Дајана. Стјуарт носи црвено палто, црна кошула и црн шешир со кратка мрежа, комбинација каква што носеше Дајана во 1986 година во посета на болница во Англија.

Иако на почетокот имаше критики за изборот на актерката, откако излезе сликата фановите на принцезата имаат само позитивни коментари за изгледот на Стјуарт. „Мислев дека ова е навистина принцезата Дајана“, ја коментираа неверојатната сличност помеѓу актерката и Лејди Ди.

„Одамна не сум бил толку возбудена за некоја улога“, рече пред снимањето Кристен и додаде дека најголем проблем ќе ѝ биде да го имитира акцентот на починатата принцеза.

Снимањето на филмот почна пред неколку недели, а дејството се одвива во Велика Британија и Германија и се фокусира на еден клучен викенд од животот на Дијана. Таа ги поминува божиќните празници со членовите на кралското семејство на имотот во Норфолк и носи одлука да стави крај на бракот со принцот Чарлс.

Филмот се очекува да биде завршен до крајот на годината, но премиерно ќе биде прикажан на 25-годишнината од смртта на принцезата Дајана, следната година. Филмот го режира Пабло Лараин, а сценариото го напиша Стивен Книт.

Scroll to Top