Стар дрвен мост над реката Тиса е претворен во „мост на играчки“ откако граничните службеници и жителите кои тука минуваат почнале да оставаат играчки за најмладите бегалци кои доаѓаат од Украина. Мостот е кај северниот романски град Сигету Мармациј.
„Сосема обични луѓе,а и граничнит службеници оставаат играчки на оградата на мостот, па кога ќе влезат во Романија, украинските деца можат да си земат една“, напиша полицијата на Сигету Мармациј на Твитер.
Сигету Мармациј е еден од трите гранични пункта откаде украинските бегалци можат да влезат во Романија. Уште од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, над еден и пол милиони деца избегаа од Украина.