5 трика како вашите чевли секогаш да изгледаат како нови

Не мора да посетувате чевлар!

Без разлика дали во вашиот чевларник има лакирани чевли или чизмички од мека кожа, тие ќе изгледаат многу подобро ако се без линии и дамки.

Еве пет начини како вашиот омилен чифт чевли да остане засекогаш нов.

Линиите на лакираните чевли остранете ги со вазелин

Нанесете малку вазелин на чиста крпа и нежно тријте со кружни движења додека линиите не бидат потполно отстранети.

Вистинската кожа се чисти со балсам за коса

Вашите кожени чизми изгледаат од ден на ден сè полошо. Наместо да купувате производи за одржување на чевлите, одете во бањата и земете го балсамот за коса, како и чиста крпа, а потоа нежно втријте мала количина балсам во кожата. Балсамот ќе ја освежи кожата на чизмите – баш како што ја навлажува косата.

Со магична крпа остранете ги дамките од патиките

Да, многу лесно можете да ги тргнете дамките од патиките со помош на магична крпа. Првин малку навлажете ја, а потоа нежно тријте додека дамката не исчезне. Магија!

Дамка на чевлите од антилоп

Ако забележите дамка на антилопот, запомнете дека не е изгубена надежта. Извадете ја неискористената гума од фиоката (најдобро да е бела или светлорозова) и избришете ја дамката. Триењето ќе предизвика дамката да се подигне и постепено да се тргне од чувствителниот материјал.

Оживејте ги гумените чизми со маслиново масло

Белите дамки на чизмите се најлоши. Најмногу ги предизвикуваат влагата и топлината. Одвреме-навреме вратете им го сјајот со нанесување малку маслиново масло на чиста крпа и исполирајте ги со кружни движења. И запомнете дека малку е повеќе (чизмите не треба да ги натопите во масло).

Scroll to Top