Англичанката Џина Девдни (35) останала бремена по природен пат и родила родила идентична машка тројка, феномен што се случува еднаш на 100.000 раѓања. Откако се родиле, бебињата поминале шест недели во болница пред да си одат дома.
Џими, Џенсен и Џексон наскоро ќе го прослават својот прв роденден.
„Да се биде мајка е најдобрата работа на светот. Тоа е убедливо и најтешката работа, но сега апсолутно ја сакам, дури и поради недостатокот на сон и посетите во болница“, изјави Џина.
View this post on Instagram
Иако воопшто не е лесно да се има три бебиња во исто време, сепак Џина и нејзиниот сопруг Крег велат дека воспоставиле внимателно испланирана рутина.
„Знаеме точно кога се буди едното бебе, кога треба другото да спие и слично. Хранењето е најинтересно, бидејќи Џина храни двајца, а јас му подготвувам храна на третото“, вели Крег.
View this post on Instagram
Тие имаат и профил на социјалната мрежа Инстаграм, каде секојдневно објавуваат интересни видеа и фотографии со своите деца.
„Родителите не следат, затоа што сакаат да ги видат триковите кои ги користиме во родителството, а најмногу ги интересира како се снаоѓаме со три бебиња“, вели Џина.
View this post on Instagram