Апартманот на Тито во Менхетен продаден за 12 милиони долари

Тристан Харпер, американскиот агент за недвижнини, кој во име на агенцијата Даглас Елиман прадава и недвижности од поранешна СФРЈ во Њујорк, Берн, Бон и Токио, објавил дека на 31 мај е заклучена продажбата на пентхаусот 16/17Б на Парк авенијата 730 на Менхетен.

Во овој процес, Србија како држава координатор за продажбата на овој објект имала многу активна улога и од продажбата на оваа недвижнина и припаѓаат 39.5% од нето приходот, односно 3.487.939.21 долари, укажува Министерството за надворешни работи на Србија.

Станува збор за стан со 13 соби, од кои четири се спални. Станот има четири балкони и три камина. Југославија тој стан го купила во 1975 година, додека Тито сеуште бил жив, за потребите на тогашната делегација на Обединетите Нации.

Станот во елитниот кварт пропаѓал во последните 25 години, откако бил напуштен од последниот амбасадор на СФРЈ. Поради тоа го нарекле Титовиот стан на духови.

„Тито никогаш не ни препал во него“, изјавил последниот станар, некогашниот југословенски амбасадор Дарко Шиловиќ додавајќи дека станува збор за голем стан од кого нема некој поглед на градот, затоа што не се наоѓа на доволно високо место. Иако се продавал по почетна цена д 18 милиони долари, државите на СФРЈ се согласиле да се продаде за 12 милиони долари, цена која ја понудил анонимен купец од Њујорк.

Самиот чин на потпишување на купопродажниот договор во четвртокот траел повеќе од три часа, затоа што претставниците на државата морале да ги потпишат сите потребни документи. Секој од претставниците се потпишал најмалку 150 пати!

Станот молал да се реновира, а се проценува дека порадди сите зафафти процесот ќе трае најмалку три години. Зградата, според прописите се обновувала само во летен период, од јуни до септември. Од агенцијата за недвижности истакнуваат дека затоа било важно да се продаде до крајот на мај, во спротивно купецот ќе се откажел.

Купецот ги платил и дополнителните трошоци кои изнесуваат околу милион долари, што значи дека купецот вкупно платил повеќе од 13 милиони долари. Од агенцијата истакнуваат дека станот би вредел значително повеќе од 18 милиони долари, доколку би бил во подобра состојба. Но, тој пропаѓал во изминатите децении.

Југославија за тој стан во 1975 година, искеширала 100.000 долари. Се наоѓа на 16 и 17 кат со четири балкони. Од три балкони погледот се насочува на источната страна на Менхетен и Ист Ривер, а само од еден балкон може да се види заоѓањето на сонцето над Централ Парк и делот на Медисон Авенија.

Продажбата морале да ја одобрат повеќе југословенски земји. Инаку, во зградата нема познати имиња. Единственото познато име бил првиот комшија, Мајк Волас, поранешна ТВ ѕвезда и водител на информативна емисија „60 минути“, кој живеел во станот од другата страна на ходниот се до неговата смрт во 2012 година. Неговиот стан тогаш бил продаден за 20 милиони долари.

Самата зграда е изградена во 1928 година од црвена цигла. Таа се наоѓа на Парк авенија меѓу 70 и 71 улица. Проектирана е во неоренесансен стил од архитектот Лафајет А. Голдстоун, а повеќето од 40 станови се дуплекси.

Што ќе добие Србија?

Од вкупно добиената купопродажна цена (12.1 милион долари), во согласност со постигнатиот договор од државите сукцесори, одбиени се трошоците за одржување на споменатиот објект од 1 јануари 1992 година, до денот на продажбата (во вкупен износ од 3.269.774.16 долари), кој исто така се распоредени меѓу сите држави сукцесори, сразмерно квотите од член 3 Анекс Б од договорот по прашањето за сукцесија.

Имајќи го во предвид ова, поради трошоците кои цело ова време ги плаќала Србија, споменатите сума од продажбата ќе биде рефундирана на Србија.

Плаќањето на овие трошоци било неопходно за да резиденцијалниот стан се сочува во сопственост на поранешна СФРЈ, а нивното редовно подмирување од страна на Србија, допринело да државните сукцесори имале можност да располагаат со овој имот, нешто што е препознато од страна на сите држави сукцесори.

Со продажбата на оваа недвижности, се остварува и директна заштеда во буџетот на Србија за 2018 година, во износ од 108,745.00 долари, за колку ќе се намали актуелното издавање од Министерството за надворешни работи, на име трошоци на споменатото тековно одржување.

 

 

Scroll to Top