„Авалон“ го одложи фестивалот „Рап и трап“, другите два засега остануваат да се одржат

Фестивалот „Рап и трап“, што требаше да се одржи на 9 септември на стадионот на АРМ, е одложен за 2022 година, најави организаторот „Авалон продукција“. Другите два фестивала, „Скопје колинг“ и „Скопје саундс гуд“, ќе се одржат, велат од „Авалон“.

„’Рап и трап’ е фестивал наменет најмногу за публиката од 14 до 20 години. Поради актуелната ситуација, почетокот на учебната година и тоа што овие лица не се вакцинираат поради возраста, решивме проектот за да одложиме за јуни в година. Другите два фестивала ќе се одржат со најавените артисти, со тоа што ‘Скопје саундс гуд’, наместо на 8, ќе биде на 9 септември, на истата локација“, велат од „Авалон“.

Организаторите додаваат и дека ќе се придржуваат до сите протоколи и мерки што ќе бидат актуелни во времето на одржување на фестивалот, а се однесуваат на јавни настани. На „Скопје саундс гуд“ ќе настапат Buč Kesidi, Nipplepeople, Funk Shui и Svemirko, на „Скопје колинг“ на 10 септември се MEDUZA, Nancie, Cyrillic и Chris J, а на 11 септември ќе настапат VINI VICI, Maurice West, Galoski и Jana Slayy.

Scroll to Top