Австралиските граѓани кои се враќаат дома од Индија може да се соочат со затворска казна и од пет години или парични казни, затоа што владата го прогласи патувањето привремено нелегално. Од министерството за здравство кажаа дека оваа одлука ја донеле заради процентот на луѓе во карантин кои се заразиле со ковид-19 во Индија.
Претходно, Австралија ги забрани сите летови од Индија. Во Индија има околу 9000 Австралијци, од кои 600 се класифицирани како ранливи.
Ова ќе биде првпат Австралијците да бидат криминализирани затоа што се вратиле во нивната земја, велат австралиските медиуми.
Еден лекар изјави дека потегот на владата е непропорционален со заканата што ја носат оние што се враќаат од Индија.
„Нашите семејства буквално умираат во Индија. Ова е напуштање“, рече лекарот д-р Вјом Шармер.
Од понеделник, за секого што бил во Индија во рок од 14 дена од предвидениот датум на пристигнување во Австралија, ќе биде забранет влез во земјата. Неисполнувањето на новата одлука може да резултира со затворска казна во траење од пет години, парична казна од 42.000 евра .
Фото: Би-Би-Си