Барле е град феномен: се наоѓа и во Белгија и во Холандија, а границата поминува низ куќи и паркови

Со куќи направени од црвена цигла, целосно уредени улиц и штали со големи порти,  градот Барле на прв поглед не се разликува од останатите градови кој се наоѓаат на холандско-белгиската граница. Аам, Барле, сепак, е посебен отио тоа е единственото место каде што можете да подготвите појадок во една држава, а да го јадете во друга. Градот се наоѓа и во Белгија и во Холандија, а државната граница поминува низ самиот град. Плус, границата поминува преку приватни домови, ресторани, кафулиња, уметнички установи. Точната локација на границата низ градот е означена со бели крстови, кои се обележје на градот.

Историјата на овој географски феномен датира од Среден век, кога имотите биле поделени помеѓу аристократски семејства.

Откако Белгија прогласила независност од Холандија во 1830 година, морало да се прецизира границата меѓу двете земји. Кога геодетите стигнале до Барле, тие едноставно го прескокнале, па оставиле граничните проблеми да се решат подоцна. И така ова останало цели 165 години. Дури во 1995 се формираа две општини: Барле Хертог во Белгија и Барле Насау во Холандија.

Воспоставувањето на државната граница не ја поедноставило ситуацијата во Барле. Па така многу улици, паркови, паркинзи, продавници, галерии, па дури и домови се дел во Белгија, а дел во Холандија. И за да се избегнат правни спорови, националноста на жителите се определува според предната врата на куќата каде што живеат. Во Барле сè е двојно: има две имиња на градот, двајца градоначалници, две општински управи, две пошти,  ама само еден комитет за полесно да се ушравува со градот.

Scroll to Top