Бебе со мозочно оштетување преживеа откако го исклучија од апарати

Кејлеб Крук  преживеа откако лекарите го исклучиле од апаратите за живот на кои бил приклучен поради големите оштетувања на неговиот мозок настанати за време на породувањето.
Лекарите биле убедени дека по исклучувањето од апаратите што го одржувале во живот, Кејлеб ќе почине.

Сепак, на големо изненадување на сите, бебето продолжило да дише. Тој кивнал во раката на неговата мајка Бети. Неговите родители изјавиле за „Дејли мејл“ дека веќе се подготвиле да се збогуваат со својот син.

Но, Кејлеб, и покрај тешките оштетувања на мозокот, годинава ќе го прослави својот прв Божиќ во неговиот дом во Лестершир, Англија.

Кејлеб ми кивна на прстот и ме погледна. Како да сакаше да ми каже ‘сè ќе биде во ред мамо’. Сега Кејлеб обожава да се смее. Особено кога ќе го слушне гласот на неговата сестра“, изјавила Беки за „Дејли мејл“.

Статистиката покажува дека три од 1000 бебиња во Британија  или умираат од оштетувања на мозокот или, пак, од истекување на крв во мозокот за време на породувањето.

Беки, која се породила во својот дом, вели дека не ѝ е јасно зошто се појавиле компликации кај нејзиниот син.

„Откако забележавме дека не дише, веднаш го однесовме Кејлеб во болница. Беше ставен на апарати за животна поддршка веднаш откако стигнавме во болницата, а докторите ни рекоа дека имало минимално оштетување на мозочната активност и дека нема надеж за него во иднина“, изјавила Беки.

Докторите во болницата решиле да се повлечат од давањето нега, а семејството требало да го однесе Кејлеб во специјална детска болница, каде што требало да заврши третманот.

„Ништо не можевме да направиме за него. Не знам што се случи со мојата бременост. Моравме да се подготвиме да се простиме од него. Докторите ни соопштија дека Кејлеб имал катастрофално мозочно оштетување и дека големи се шансите да почине во секој момент. Ни рекоа дека во може да преживее само неколку минути, па го гушнав силно во моите раце“, вели Бети.

И покрај направените три дијагнози, кои не им дале премногу надеж на родителите, Кејлеб преживеал. Неговите прогнози сè уште се нејасни, но тој и неговото семејство продолжува со животот и борбата. Родителите велат дека се горди на него.

Scroll to Top