Поранешниот белгиски крал Алберт Втори (85) по педесет години признал ќерка му Делфин Боел. Алберт принзал дека е биолошки татко на Боел и дека бил во вонбрачна врска со нејзината мајка.
Делфин Боел ќе добие кралска титула принцеза, и ќе влезе на листата на престолонаследници. Таа ќе биде 15-та по ред на листата за да седне на престолот. Боел ќе учествува и во распределбата на имотот на татко ѝ кога поранешниот крал ќе почине.
Сепак таа нема да добива пари од јавни фондови и нема да може да го наследи тронот, затоа што според белгискиот закон, тоа го можат само децата кои се добиени од официјален брак.
„Ова е големо олеснување за мене и моето семејство“, изјавила Делфин Боел, откако бил разрешен случајот кој во белгиската јавност крена голема прашина. Тамошните медиуми го следеле овој случај со години.
Мајката на Боел, Сибил де Селис Лонгшамп, во шеесетите години била во врска со тогашниот престолонаследник Алберт, кој од 1959 година бил во брак со Паола Руфо ди Калабрија.
Алберт на тронот дошол во 1993 година, по смртта на постариот брат, кралот Бодуен кој починал од срцев удар. Боел е родена во 1968 година, а аферата на нејзината мајка и кралот завршила во 1984 година, откако наполнила 16 години.