Ноќните клубови во Берлин повторно ќе почнат да работат, но влезот ќе им биде дозволен само на лицата што се вакцинирани или го прележале Ковид-19, објавија градските власти. Посетителите притоа нема да мора да носат маска.
Некои клубови летово почнаа да работат во отворените простори, но од гостите се бараше доказ дека се вакцинирани, дека го прележале вирусот или негативен ПЦР-тест. Истовремено, во клубовите заштитните маски беа задолжителни.
Берлинските ноќни клубови во 2018 година ѝ донесоа 1,5 милијарда евра на локалната економија, а привлекуваат три милиони странски туристи годишно.