Елон Маск, Ричард Бренсон, Марк Цукенберг, се само дел од најбогатите луѓе на планетата. Тежат милијарди и уживаат во богатството кое го стекнале. Сепак сите нагласуваат дека работите не се одвивале така лесно на почетокот на нивната кариера.
Богати бизнисмени, иноватори кои денес возат луксзуни авиони и живеат живот за кој многумина можат да сонуваат, велат дека успехот го изградиле од нула, а патот кон целта бил поплочен со големи тешкотии.
Елон Маск
Прата работа му била како инженер-софтвер, а денес е еден од највлијателните иноватори на 21. век. Маск претставува голема инспирација за голем број на претприемачи.
Основачот на „Тесла“ е голем фан на технологијата и вселената. Кога имал само 12 години, тој направил код за својата видеоигра која се однесувала на вселената под името Blastar.
Го земал кодот и го вградил во играта која може да се игра на паметните уреди. Го продал своето PC and Office Tehnology за 500 долари. Од неодамна е инженер за софтверот на Google.
Ричард Бренсон
Сер Ричард Николас Бренсон е британски деловен човек чие богатство се проценува на 7,8 милијарди долари. Сопственик е на брендот Virgin, кој содржи 350 компании.
Интересно е дека овој бизнисмен како тинејџер бил исфрлен од школо. Тогаш почнал со издавање на списанието за млади „Студент“.
Марк Цукенберг
Цукенберг уште за време на своето студирање ја креирал најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“. Овој Американец уште во средношколските денови креирал софтвер за препорака на музички броеви Sinaps, за кој бил заинтересиран и „Мајкрософт“.
Тед Тарнер
Основачот на „Си-Ен-Ен“, а сега филантроп, сонувал за тоа да се пријави во војска. Сепак судбината за него имала поинакви планови. Откако бил исфрлен од Универзитетот Brown, затоа што во неговата соба бил фатен со девојка, тој почнал да работи во агенција за огласување, која била во сопственост на неговиот татко.
Тука почнал да го покажува својот талент за бизнис и да ја удвои заработката на компанијата уште за време на првата година. Тарнер го превземал бизнисот, кој потоа го продал на Time Warner, за 7,5 милијарди долари во 1996 година.
Потоа работел и во агенцијата за огласување на неговиот татко, но тогаш никој не можел ни да сонува дека еден Тарнер ќе ја основа телевизиската мрежа „Си-Ен-Ен“ и ќе стане еден од најбогатите луѓе во светот.