Леони Филдс (34) од Манчестер, по забавата со пријателите во саботата навечер и дебатата за рускиот напад на Украина, нарачала такси до воената зона, објави „Дејли мејл“.
Таа, која е мајка на две деца, признала дека испила неколку „розови пијачки“ и неколку кратки пијачки. Знаела дека е пијана, па решила да нарача такси преку транспортната апликација Ubor, но не до нејзиниот дом. Таа не ја внела адресата на која живее, туку како последна дестинација ја избрала Украина. Такси-службата проценила дека возењето ќе чини околу 4.500 евра и дека нема доволно средства на картичката.
Според „Дејли мејл“, Леони тврди дека следниот ден се сетила што се случило кога банката и се јавила затоа што таксистот наводно девет пати се обидел да ѝ извади пари од картичката. Односно, таксистот го прифатил возењето до Украина и се обидел да го наплати замисленото возење од Велика Британија до Украина. Леони рекла дека е среќна што немала „доволно“ пари на картичката, бидејќи во спротивно ќе ѝ биле повлечени повеќе пари.
„Следниот ден не се сеќавав на ништо, само на одредени настани. Боже, имам 34 години и треба да се однесувам така“, изјавила Леони.
Банката реагирала следното утро бидејќи се посомневала дека некој се обидува да ја искористи картичката и да ги повлече сите можни средства од неа.
„Не знам како апликацијата за такси ми дозволи да нарачам возило до воената зона“, рече Леони.
Организацијата Uber која ја ангажирала Леони за превоз изјавила дека ќе го истражат случајот и ќе дознаат што точно се случило во саботата вечер.