Членовите на легендарната група „Квин“ заработуваат преку 100.000 фунти на ден од авторските права од филмот „Боемска рапсодија“. Според британските медиуми, групата пријавила профит од повеќе од 43 милиони фунти.
„Боемска рапсодија“ имаше премиера во 2018 година. Филмот ги подели обожавателите и критичарите, а го прикажува патот на Фреди Меркјури од формирањето на групата до врвот на неговата кариера.
Филмот досега има заработено повеќе од 700 милиони фунти на билетарницата, а според последните податоци, преостанатите живи членови на групата: Брајан Меј, Роџер Тејлор и Џон Дикон, како и фондацијата „Меркјури“, добиваат голем дел од тие пари.