Денот на вљубените во целиот свет се слави во името на св. Валентин, кој бил свештеник во древниот Рим. Императорот Клавдиј Втори објавил дека мажите кои се самци се подобри војници од оние со семејства и сопруги, па го забранил бракот за младите војници. Валентин се спротивставил на оваа неправедност што им се прави на младите мажи и почнал да склучува тајни бракови за младите љубовници. Кога царот дознал за постапките на Валентин, наредил светецот да биде убиен.
Другата приказна сугерира дека светецот можеби бил убиен додека им помагал на христијаните да избегаат од суровите римски затвори, каде што биле мачени.
Според некои теории, пред да го погубат на 14 февруари, додека бил затворен, ѝ напишал писмо на ќерката на чуварот и се потпишал „Твој Валентин“.
Во викторијанско време, ако напишете честитка за Денот на вљубените, се сметало за несреќа.
Речиси три отсто од сопствениците на домашни миленици за Денот на вљубените ги подаруваат своите кучиња, мачки, зајаци, канаринци и сл.
Секоја година се испраќаат милијарда честитки. Тоа е вториот најголем празник по број на испратени честитки.
Денот на самците се слави ден по Денот на вљубените.
Денот на самците е замислен како алтрнатива на Денот на вљубените, а дава можност самците да го слават соло статусот или да сочувствуваат со другите.
Во Финска, наместо Денот на вљубените, се слави Денот на пријателите.
Девојките во средниот век јаделе бизарни јадења како би го сонувале идниот сопруг.
Кралот Хенри VII во 1537 година во Англија го прогласил 14 февруари за Ден на св. Валентин.
Лекарите во 19 век несреќно заљубените ги советувале да јадат чоколадо за да ја ублажат тагата.
Ричард Кадбури ја направил првата бомбониера за Денот на вљубените на крајот на 19 век.
Речиси 73 отсто кои купуваат цвеќе за Денот на вљубените се мажи.
Приближно 15 отсто од Американките за Денот на вљубените сами на себе си испраќаат цвеќе.
За Денот на вљубените само во САД се купува чоколадо во вредност од една милијарда долари.
Речиси 50 отсто од честитките се купуваат и до шест дена пред Денот на вљубените.
Црвената ружа била омиленото цвеќе на римската божица на љубовта, Афродита.
Црвената ружа се смета за цвеќе на љубовта затоа што црвената боја симболизира силни романтични чувства и страст.
Повеќе од 189 милиони ружи се продаваат во САД за Денот на вљубените.
Од сите продадени подароци за Денот на вљубените, речиси 85 отсто ги купуваат жените.
Секоја година за Денот на вљубените се случуваат по 220.000 свршувања.
Секоја година италијанскиот град Верона, во кој живееле Шекспировите Ромео и Јулија, прима илјадници писма адресирани до Јулија.