Дедо Мраз тргна од Лапонија: Божик не е откажан

Финскиот Дедо Мраз, познат како Јолупуки, со своите ирваси традиционално тргна на пат за да им подели подароци на сите деца во светот. Тој ќе помине повеќе од 450 милиони километри за да може да ги посети сите деца на Божик.

Божикниот пат го почна од најсеверниот дел од земјата Финска и упати порака до сите во овие времиња да бидат со најблиските и ним да им посветат најмногу внимание.

„Живееме во комплицирано време и сега е моментот да се опуштиме и да поминеме време со семејството“, изјавил  Дедо Мраз во своето божикно обраќање, пишува „Тас“. Тој тогаш додаде: Божик не е откажан, останете дома.

Тој додал дека е важно сите да им се посветат на најмилите за никој да не се чувствува осамено на овој посебен ден.

 

 

Scroll to Top