Џек Ма се повлекува од компанијата „Алибаба“

Кинескиот милијардер и основач на „Алибаба“, Џек Ма, се повлече од местото прв човек на компанијата. Ма, кој ја воведе е-трговијата во Кина, минал две децении градејќи ја империјата вредна 460 милијарди долари.

Тој во целост ќе се посвети на филантропијата, а ќе биде заменет од поранешниот извршен директор на компанијата „Алибаба“, Даниел Чанг, пренесува Би-би-си.

 

Ма во септември минатата година изјавил дека пред да наполни 70 години сака да се занимава со други работи, вклучувајќи го и образованието.

Пензионирањето Ма ќе го одбележи со голема прослава во Ханжу, седиштето на компанијата, објави Си-ен-ен.

Scroll to Top