Најнвиот проект на белгискиот дигитален уметник Дриес Депортер е „The Flemish Scrollers“, софтвер кој следи и покажува кога некој од претставниците на владата на Белгија ќе престане активно да ја следи седницата и ќе започне да гледа во својот мобилен телефон, пренесува македонскиот портал ИТ.
Анализата се прави во живо на видеата кои се стримаат на Јутјуб каналот Vlaams Parlement, така што вештачка интелигенција го препознава ликот на политичарите на снимките, а софтверот ги бара и проценува дали гледаат во телефоните. Тој функционира со помош на машинско учење, така што го препознава ликот на политичарот и неговата активност. Доколку во некој момент тој почне да гледа во телефонот, софверот испраќа кратко видео на профилите на Твитер и Инстаграм и го тагнува политичарот. Но тој не може да забележи што точно прави политичарот на мобилниот телефон, па не може да истакне дали тој го користи за продуктивна цел на дискусијата.
Every meeting of the flemish government in Belgium is live streamed on a YouTube channel.
Software is searching for phones and tries to identify a distracted politician. This with the help of AI. The results are then posted to social with the politician tagged. By @driesdepoorter pic.twitter.com/QUQHiYx2HI— The Flemish Scrollers (@FlemishScroller) July 5, 2021
Најчесто првата помисла е дека политичарите го злоупотребуваат мобилниот за забава и приватни преписки, но секогаш постои можноста дека тие фаќаат забелешки или пребаруваат некој изнесен податок. Сепак, како последица на користењето на софтверот, кој е активен од ланскиот јули, Депортер смета дека е намалено користењето на телефони на седниците.
Дигиталниот уметник обработува теми како приватност, вештачка интелигенција, следење и друштвени мрежи. Тој ја создал алатката за да покаже како работат технологиите како вештачка интелигенција, препознавање на ликови и камери за следење се нарушување на приватноста. Но подоцна започнал да функционира како алатка за попродуктивна работа на претставниците на владата.