„Дизни“ ќе снима римејк на „Снежана и седумте џуџиња“ а главната улога ќе ја игра 20-годишната Рејчел Зеглер, актерка од Колумбија. Ова доаѓа по најавата дека „Дизни“ сака да воведе диверзитет во своите филмови.
Се очекува снимањето на почне во 2022 година, во режија на Марк Веб, кој го режираше „Чудесниот Спајдермен“.
„Рејчел има неверојатен талент за пеење. Нејзините сила, интелигенција и оптимизам ќе станат составен дел на повторното откривање на радоста во оваа класична бајка на Дизни“, изјави Веб за „Дедлајн“.
Анимираниот филм снимен според бајката на браќата Грим излезе во 1937 година и беше првиот долгометражен филм на „Дизни“.