Овен
Со вашата работа и зафатеност ја плаќате цената на пријателството. Не дозволувајте да ги загубите вашите пријатели поради вашата работохоличност. Наместо да се жалите со изговорот дека сте уморни, по завршувањето на работните часови, одвојте време за попладневно кафе.
Бик
Она што ќе ве израдува денеска е веста дека онаа личност која ви се допаѓа ги прашувала вашите пријатели за вас. Доколку ја зграпчите можноста која ви се пружа, нова летна романса е на повидок. Вечерва опуштете се со чаша црвено вино.
Близнаци
Доколку во брзо време не обрнете внимание на вашата работа и должноста што ве повикува, постои ризик од губење на моменталното работно место. Во врска со онаа одлука за која се двоумите, само послушајте го вашиот внатрешен глас и ќе знаете точно како треба да постапите.
Рак
Денес целосно посветете му се на партнерот. Веќе некое време ви се заладени односите, па би било добро доколку денес се обидете са изнајдете решение како врската да ви биде како порано. Можеби клучот е во заедничкото патување.
Лав
Сѐ повеќе ве прават нервозни некои ситуации во вашето семејство. На некои коментари треба да останете глуви и да премолчите, наместо да создавате уште понапната ситуација. Обидете се да го извлечете најдоброто од себе подготвувајќи вкусен специјалитет.
Девица
Можеби љубовниот живот ви стагнира, но затоа на професионално поле сѐ ви цвета, а и омилени сте меѓу вашите пријатели. Обидете се од секоја ситуација да го извлечете најдоброто и ќе видите дека и љубовта ќе биде на ваша страна.
Вага
Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сѐ уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.
Шкорпија
Бидете подготвени да направите добар план и држете се до тоа. Само така ќе можете квалитетно да ја извршите работата која е пред вас. На некој член од вашето семејство ќе му бидат потребни пари и ќе побара од вас. На љубовно поле буквално ви цветаат рози.
Стрелец
Денот посветете го на одмор за потоа со наполнети батерии да можете да ги извршувате сите обврски кои ве очекуваат. Ќе посветите доволно време на вашиот партнер, и поради тоа љубовта ќе ви биде возвратена. Во средина на денот ќе добиете пријатно изненадување кое ќе го подобри вашето расположение.
Јарец
Вашите среќни денови допрва доаѓаат. Овој вторник дозволете си шопинг и некој козметички третман. Ќе се чувствувате толку убаво во вашата кожа, со што ќе плените на ноќните излегувања. Но, треба да обратите големо внимание и на вашата исхрана.
Водолија
Бидете трпеливи и не трошете ја енергијата залудно. Еден од најубавите периоди штотуку доаѓа, па фокусирајте се на тоа. Со прифаќањето на вашата моментална финансиска состојба ќе отидете чекор напред. Следете ја својата интуиција и така ќе ги решите сите проблеми.
Риби
Ве очекува повик од личност која го повредила вашето его во минатото, па денеска ќе имате можност да ги израмните сметките. Посветете повеќе внимание на вашето семејство, во последен период поради вашите љубовни проблеми се одалечивте од сите.