Овен
Прилично сте активни и зафатени. Кратки патувања, контакти со луѓе, блиц-средби, чести излегувања – од една страна ве исполнува, а од друга сфаќате дека сето тоа е површно и не успева да ги задоволи вашите длабоки копнежи. Некои од вас се насочени кон читање и учење.
Бик
Многу подобро ќе се чувствувате ако зборувате од срце и со страст, дури и тоа да значи дека ќе треба да се соочите со многу противници. Подобро тоа отколку да продавате лажна насмевка и принудно да климате со главата, само и само за да бидете прифатени од мнозинството. Цврсто бранете ги вашите ставови и верувања, колку и непопуларни да се тие.
Близнаци
Денес ќе почувствувате огромно олеснување по споделувањето на долго чувана тајна. Дозволете си да бидете поотворени пред личностите кои ги нарекувате доверливи. Известувајте ги луѓето за вашите планови предвреме, за да испадне сè како што вие сакате.
Рак
Семејните прашања и околности се во центарот на вашиот интерес и анализа. Средете ги сите неопходни работи за да бидете подготвени за вашето летување. Кај некои од вас се појавува лепеза од емоции и потреба за подлабоко емотивно исполнување. Слободните ракови ќе имаат различни можности за нова врска.
Лав
Денес не оценувајте ги личностите според првиот впечаток. Можно е срамежливоста да замаскира нечии прекрасни карактеристики. Среќата која ја чувствувате неизбежно ќе се одрази на вашето лице. Иако нема некоја посебна причина за од вас да блика радост, оддалеку ќе се познава дека летате во облаци.
Девица
Зграпчете ја секоја можност за патување или за понатамошно образование, затоа што имате потреба да го продлабочите вашето животно искуство. Се впуштате во различни дискусии и длабински ги анализирате работите од општествен карактер. Со леснотија ќе успеете да ги прифатите туѓите гледни точки.
Вага
Денес нема да бидете доследни во однос на вашите обврски (на работа или дома). Ќе бидете загрижени за вашата здравствена ситуација и ќе барате начини како да го задржите здравјето и да ја засилите енергијата. Потрудете се да ги почитувате сите ваши потреби и избегнувајте го синдромот на жртва.
Скорпија
Денес не препуштајте ништо на случајноста. Обидете се да ја испланирате секоја минута од денот бидејќи чувството на неизвесност ќе ве полудува повеќе отсекогаш. Потрагата по задоволство може да ве одведе на некој културен настан или приватна забава.
Стрелец
Денес ќе ви се чини како да читате прекрасна бајка која не сакате да заврши. Конечно ќе ви се исполни желба која долго време се врти во вашите мисли, а тоа ќе ве направи пресреќни. Можно е вашите реакции да бидат поспонтани отсекогаш, а тоа само ќе го означи почетокот на нов безгрижен период во вашиот живот.
Јарец
Денешниот ден ќе биде забавен и разигран. Уживајте во социјалните настани и дружењето со помлади личности. Посетете некакви културни случувања – можеби уметност, филм или театар. Искуството ќе биде прекрасно, а вие ќе се чувствувате облагородени. Направете планови да ги видите тие што ги сакате.
Водолија
Денес нема да ги сакате комплицираните работи, туку ќе се обидувате на едноставен начин да стигнете до среќата. Подарете бакнеж или понудете ѝ ја својата поддршка на личност која секогаш ја оттурнувавте од себе. Ќе се изненадите од тоа колкава е моќта на малите гестови. Не заборавајте дека не можете со зборови да ги принудите луѓето да имаат почит кон вас.
Риби
Вашите напори да се организирате и да истражувате денес ќе дадат плод бидејќи покажувате истрајност, издржливост и концентрација. Способноста да ги забележувате деталите ќе ви овозможи да завршите многу работа во текот на денот. На крајот ќе бидете задоволни од постигнатото.