Овен
Ќе се однесувате непромислено. Можно е да ги пропуштите предизвиците. Во однос на работата главно ќе бидете трезвени, практични и внимателни. Ама во меѓучовечките односи покажувате нетрпение. Ако имате врска иницијативата препуштете му ја на партнерот. Кај слободните може да се појави прилика за флерт со личност која е поврзана со работата.
Бик
Чуствувате голем притисок од околината и не ќе можете да се контролирате па дури ќе помислите и дека имате скриени непријатели. Во љубовта вашите шанси се на минимум. Сепак ве очекува тајна авантура. Во сериозните врски ве советуваме да се контролирате во односот со партнерот зашто вашето однесување може да ја прекине врската. Здраствената состојба ви е условена од вашата активност.
Близнаци
Не преземајте работа за која не сте сигурни дека можете да ја завршите до крај. Семејните расправии и тврдоглавоста во љубовните односи ќе ви создава немир и потреба нешто да промените во блиските односи.
Поканете го партнерот на романтична вечера и ќе бидете со задоволни во неговото друштво. Некои од вас тешко ќе можете да му одолеете на флертови.
Рак
Ви се укажуваат повеќе прилики да запознаете неколку личности со кои ќе можете да остварите бурна врска. Вие сте на потег да бирате. Може да се случи и малку да претерате со страстите. На работното место ги привршувате работите кои порано сте ги започнале, а за тоа ќе ви биде овозможена пријатна работна атмосфера. Пријатно изненадување на финансиски план.
Лав
Солидните прилики ќе ги прескокнат единствено лавовите родени во јули. Ќе ви се заострат семејните односи, а треба дополнително да се внимава и на љубовните врски, бидејќи ќе бидете склони кон љубомора, вербални судири и чудно расположение. Негувајте го оптимизмот и покажете ги вашите способности ако сте се двоумеле за некое патување тогаш не го одложувајте. Ве очекува интересно пријателство.
Девица
Правилно ќе ја насочите вашата енергија и потребата за делување, така да ќе можете да направите чуда. Спојот на срцето и главата ќе ви помогне и во работата и во приватните одлуки особено ако сте родени во септември. Немојте да дозволите грешките од минатото да се повторат или да ве вовлечат во нов круг без излез. Со вашата прониклива интелигенција збогатете ја страста и победите.
Здравје: солидно.
Терезија
Ви престои решавање на проблемот кој подолго време ве мачел и ве блокирал. Во секој случај ќе имате среќа и успех, па и во финансиите. Некои од вас ќе имаат успех и во новата деловна соработка. Најубаво ќе се чуствувате во вашиот дом. И на емотивен план ве очекува среќа ќе уживате во друштвото на вашиот партнер, а слободните ќе бидат почитувани и барани од спротивниот пол.
Скорпија
Нагласен е вашиот интелект и ќе се покажете како одличен набљудувач, уверлив говорник во важните преговори. Вашите планови се менуваат, но добро е да разговарате за сите можности, па да ги искористите моќните познанства за сопствено издигнување. Внимавајте на судири и нервози. Финансиската ситуација ви е сложена. Позанимавајте се малку повеќе со вашето здравје.
Стрелец
Од пријателите денес можете да очекувате сосема конкретна помош, што ќе ви олесни околу донесувањето на некои одлуки и во решавање на некои проблеми. Ако имате план да се доближите на некоја личност од спротивниот пол најпрво дознајте дали личноста е слободна, дури потоа прејдете во офанзива. Ако неодамна сте започнале нова емотивна врска немојте да си поигрувате.
Јарец
Ќе размислувате и ќе разговарате за вашата иднина, но заклучокот нема да зависи од вас. Привлечноста на новите предизвици кои носат патување и пошироки промени ви одговараат. Финансиската неизвесност се смирува, а вие ќе се вратите во реалноста. Избегнувајте да пресудувате во семејните ситуации и посветете се на сегашните обврски. Ви треба повеќе одмор.
Водолија
Објективните околности нема да ви дозволат работата да ја доведете до крај. Без грижи, тоа ќе трае многу кратко така што ќе имате време да поправите се. Постои можност да заминете на службен пат. На љубовен план ве очекува средба со некоја за вас сродна душа, затоа прилагодете ги своите постапки, навики и потреби ако сакате да ја задржите покрај себе.
Риби
Искористете ги поволните прилики или нечија наклонетост за да ја поправите вашата финансиската состојба. Одлучете се за кредит, позајмица, распрашајте се за предностите на осигурување или стипендија. Можеби ќе се почуствувате нападнати, па да почнете кавга. Здравјето е нестабилно, со нагли издигнувања, пад на енергијата, замор и стрес.