Чувството дека нешто веќе сме виделе и доживеале во минатото може да биде прилично бизарно и збунувачко искуство, кое нè тера да го преиспитаме сопственото сеќавање.
Додека едни веруваат дека феноменот „веќе видено“ се однесува на искуства од минатиот живот, други сметаат дека се работи за предвидување на иднината.
Научното објаснување, сепак, е далеку од обете мислења. Имено, докторот Каран Раџ на својот профил на Тик-ток, каде што често дели совети и необични факти од областа на медицината, се понуди да ни објасни.
Занимавајќи се со овој феномен се обиде да објасни дека дежа ву, всушност, е грешка која ја прави нашиот мозок.
@dr.karanrThis is why you get dejavu #dejavu #memory #learnontiktok #schoolwithdrkaran♬ Steven Universe – L.Dre
„Тоа е кога еден дел од новата краткотрајна меморија случајно ќе се усклади со долгорочната. Значи, се чини дека истото тоа веќе порано се случило, затоа што вашиот мозок ви говори дека се работи за некој стар спомен. Но вистината е дека се работи за ‘хаварија во мозокот’“ – објаснува тој во своето видео.
Снимката е прегледана речиси 145.000 пати и се чини дека ги разочара повеќето следбеници.
„Мислев дека можам да ја предвидам иднината“, „Дали само кога ќе доживеам дежа ву мислам дека знам што ќе се случи и потоа цел ден го поминувам мислејќи дека сум видовит“, пишуваа следбениците во коментари.